Словенецот со македонско потекло, Сашо Филиповски, ќе биде новиот тренер на белградскиот Партизан веднаш штом се официјализира разделбата со Црногорецот Владо Шќепановиќ, под чие водство тимот сезонава не игра според очекувањата.
Филиповски има 46 години, а во кариерата ги има водено Олимпија Љубљана, Лотоматика Рома, Стелмет Зјелона гора, Туров Згожелец, Локомотив Кубан, Банвит, му помагаше на Вујошевиќ во ЦСКА, додека последен ангажман му беше на клупата на Монако во сезоната 2018/19. Ако Филиповски стане прв тренер на белградските Црно-бели, треба да се очекува помошник да му биде екс тренерот на МЗТ, Бобан Митев, со кого Сашо соработува речиси секаде каде што добива работа како главен тренер.
Партизан утре игра против Игокеа во АБА-лигата, а ако Шќепановиќ добие отказ денеска, тогаш екипата ќе ја води тим менаџерот Душан Кецман, кој нема корона-рвирус, за разлика од помошниците на Шќепановиќ.