Утре ќе се знае најдобриот типстер за октомври, премијата е 100.000 денари

Борислав П. од Нов Дојран води во рангирањето на најуспешните на Типстер купот на Sport Life во октомври и ако ја задржи предноста до утре, ќе ја освои главната награда од 100.000 денари како најдобар типстер во првата месечна фаза. Убави парични награди има и за вториот и третиот на табелата за октомври. Од недела, со нов месец се почнува од нула.

Новата сезона на Типстер купот има примамливи изненадувања за играчите. Ќе се играат осум месечни фази (завршува на 31 мај) и сите ќе бидат посебни, нема да има финална фаза!

Сè што е потребно е да сте член на SL клубот и со секој тикет да ја приложите вашата СЛ клуб картичка или да имате активен online профил!
Со своите уплатени тикети, сеедно дали се погодени или недобитни, играчите се натпреваруваат кој е поуспешен во типувањето.
Сите бодови од тикетите, т.е. учинокот на типстерите се рангира во табелите за Генерален месечен пласман и Локален месечен пласман.

МЕСЕЧНИТЕ ПОДАРОЦИ МАМАТ ЗА ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ОВА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Секој месец првопласираните тројца ќе бидат добитници на примамливи парични подароци. Најдобриот типстер во тековниот месец ќе заработи 100.000 денари, за второпласираниот следуваат 50.000 денари, додека третиот ќе добие 20.000 денари. Месечните етапи се:

1. етапа: 1. 10. 2020 – 31. 10. 2020
2. етапа: 1. 11. 2020 – 30. 11. 2020
3. етапа: 1. 12. 2020 – 31. 12. 2020
4. етапа: 1. 01. 2021 – 31. 01. 2021
5. етапа: 1. 02. 2021 – 28. 02. 2021
6. етапа: 1. 03. 2021 – 31. 03. 2021
7. етапа: 1. 04. 2021 – 30. 04. 2021
8. етапа: 1. 05. 2021 – 31. 05. 2021

Потсетуваме дека остануваат и локалните месечни подароци, а тоа значи дека ќе има ваучери за десетте најдобропласирани Типстери во секој објект на Sport Life.

ПОЕНИТЕ СЕ ПРЕСМЕТУВААТ ПО СТАРАТА ФОРМУЛА

Формулата за пресметување поени останува иста, а ќе има седум дена во следниот месец за обработка на сите тикети.

P = A + 20B + 20C

„A“ = „сума на уплата по комбинација“ (ако се работи за тикет со уплата до 800 денари по комбинација), односно „а“ = уплата/комбинации, (пример: уплата од 100 денари на тикет со 4 комбинации = 25 поени);
Значи, збирот „A“ може да изнесува максимум 800 бодови.
„B“ = „бројот на типувани парови” на тикет (системите во системските тикети се земаат како една комбинација);
Значи, збирот „20B“ може да изнесува максимум 800 бодови.
„C“ = „коефициент на учинок“, т.е. коефициент на учинок = помножени погодени коефициенти на тикетот/помножените промашени коефициенти на тикетот * (број на промашени парови на тикетот + 1).

За сите детали од новата сезона на Типстер купот може да прочитате ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести