Опасен скандал: Играа со заразени од Ковид, за да му се одмаздат на противникот

Шестмина ракометари на Босна од Високо играле со симптоми на корона-вирус против Криваја, а скандалозно е што челниците на домашниот тим знаеле дека тие имаат позитивни тестови на Ковид-19, но сепак одлучиле да настапат.

Ова е голем скандал, а домаќините сакале да им се одмаздат на гостите од Завидовиќи, бидејќи не сакале мечот да биде одложен.

„Криваја намириса крв и не сака да се одложи мечот. Победија, но и се посрамотија на полетот на фер-плејот. Бодовите се освојуваат и се губат, но образот и пријателите не можете да ги сочувате со вакви потези“, обвинија од таборот на Босна.

Сепак и тие се посрамотија уште повеќе, бидејќи играат со шестте ракометари, кои не се чувствувале добро и имале симптоми на Ковид-19, што е опасен преседан во светот на спортот.

Натпреварот заврши со победа на Криваја од 33:31.

 

 

- Оглас -

Најнови вести