Поразот на Наполи на „Сан Паоло“ беше кобен за обложувач во Sport Life, кој одигра одличен тикет само за 20 денари и чекаше добивка од 92.496 денари нето, или околу 1.500 евра.
За жал, наместо тикет на годината, со скромна уплата до голема добивка испадна утка на годината бидејќи освен Наполи, сите останати 13 двојки се погодени.
Во Неапол се чекаше популарниот „кец во кец“, а испадна пораз на големиот фаворит и Х-2, односно победа на Сасуоло со два гола во второто полувреме.
Наполи имаше шанси во првото полувреме, особено зрели беа двата зицери на Виктор Осимен во 11-тата и во 33-тата минута, но домаќините не успеаја да постигнат гол, а потоа и загубија со 0:2.
Вкупниот коефициент на тикетот со 14 двојки е огромен и изнесува 5.440, а сопственикот на тикетот ќе добие ваучер со вредност 10 пати поголема од уплатата како утешна награда.