Работнички и МЗТ Скопје како во НБА, АБА 2 ќе се игра во балон на Златибор

Работнички и МЗТ Скопје ќе играат во балон во АБА 2 лигата, а познато е дека првиот турнир ќе се игра на Златибор од 9 до 18 ноември.

Двата македонски претставника ќе бијат битка со уште 12 екипи по системот само еден меч против секој ривал во регуларниот дел од сезоната.

Ваква одлука донесе раководството на Лигата и по 13 одиграни кола во регуларниот дел ќе се играат плејофот и плејаутот со по шест екипи.

Во услови на пандемија со ковид-19 тоа беше единственото можно сценарио за да се одигра сезоната во АБА 2 лигата, а во балон по сличен принцип се играше и последниот шампионат во НБА-лигата.

- Оглас -

Најнови вести