Македонската машка сениорска ракометна репрезентација утревечер од 20 часот во „Борис Трајковски“ ја пречекува Финска во првото коло од квалификациите за Европското првенство во 2021 година, а на денешното тестирање сите наши ракометари се негативни на ковид-19 и селекторот Данило Брестовац веќе знае на кого може да смета.
Позитивни тестови од претходно имаа Поповски, Велковски и Танкоски, па на нивно место беа повикани други тројца ракометари.
„Во пресрет на квалификациските натпревари за обезбедување пласман на ЕХФ ЕУРО 2022, со репрезентациите на Финска и Швајцарија, согласно протоколот од ЕХФ и протоколот за спроведување на ракометните натпревари, Ракометна Федерација на Македонија ги спроведе последните тестирања за детекција на вирусот COVID–19. Ве информираме дека сите резултати на спроведените тестови на ракометарите и стручниот штаб се НЕГАТИВНИ, воедно селекцијата на Финска го потврди списокот на делегацијата која пристигнува и се со НЕГАТИВНИ тестови“ – објавија од нашата Федерација.