Непосредно пред почетокот на мечот Челзи – Рен, беше објавено дека германскиот репрезентативен Кај Хаверц е позитивен на корона-вирусот. Првично делуваше чудно зошто Хаверц не е во стартниот тим, но ниту на клупата кај Челзи, а потоа стигна информацијата дека младиот Германец е заразен со опасниот вирус.
Хаверц веднаш бил пратен во самоизолација, а, за среќа на Челзи, сите останати фудбалери биле негативни на тестирањето, па без проблем се одигра дуелот против Рен. Англискиот тим без никакви проблеми славеше со 3:0.
„Кога дозна дека е позитивен на тестот, Кај веднаш ја напушти екипата, како што побара лекарот. Му посакуваме што е можно побрзо закрепнување и да се врати во тимот. Сите останати во клубот на тестирањето беа негативни. Се надеваме дека ова е изолиран случај“, изјави тренерот на Челзи, Френк Лампард.
Хаверц, кој има само 21 година, во Челзи пристигна летово од тимот на Баер Леверкузен, и тоа за трансфер вреден 62 милиони фунти. Германецот брзо го покажа својот талент и се избори за место во стартниот тим на Челзи.
Frank Lampard confirms that Kai Havertz tested positive for COVID-19 and is self-isolating pic.twitter.com/L82rExB87u
— B/R Football (@brfootball) November 4, 2020