На Меси како веќе да не му се игра: Без да мрдне го посматра противникот (Видео)

Лионел Меси даде гол од пенал за Барселона во победата од 2:1 против Динамо Киев, но освен погодокот, Аргентинецот вниманието на овој меч го привлече со незаинтересираноста на теренот, посебно кога топката беше во противничките играчи.

Во второто полувреме, при една ситуација, Меси само со поглед го испрати противничкиот фудбалер. Играчот за врска Андриевски доби топка на средината од теренот, а потоа тргна во напад. Андриевски буквално помина покрај Меси, а Аргентинецот немо го проследи и го остави да претрча покрај него.

Според некои коментари, ваквите потези на Меси може да станат и поредовни и да бидат одговор на тоа што клубот не сакаше да го пушти да си замине во летниот преоден рок. Лео сезонава даде вкупно пет погодоци и сите беа од пенал.

https://twitter.com/i/status/1324136520429744135

- Оглас -

Најнови вести