Газдата на Милан го спаси Лил од згаснување, а вечерва Французите му се ривали на „Сан Сиро“

Милан вечерва го пречекува Лил во дуел од третото коло на Лигата на Европа, а италијанските медиуми откриваат интересен податок пред мечот. Според пишувањата, Лил пред неколку години имаше загуба од 249 милиони евра и клубот беше пред згаснување.

Тогаш сопственикот на Лил, Жерар Лопес, реши да побара спас кај инвестицискиот фонд „Елиот“. Американската фирма дозволи Лил да добие 117 милиони евра заем, а според договорот, целиот кредит треба да биде вратен до август 2021 година.

Од УЕФА велат дека нема никаков конфликт во овој случај затоа што парите кои се побарани, не се од Милан, туку од инвестицискиот фонд „Елиот“, а и парите не ги добил Лил како клуб, туку неговиот сопственик како физичко лице.

Милан е во серија од 28 натпревари без пораз и, секако, Росонерите се фаворити за победа против Лил.

 

- Оглас -

Најнови вести