Јусуф Јазичи е енигма за одбраната на Милан, вечерва на „Сан Сиро“ и турскиот репрезентативец од Лил игра симултанка против Росонерите.
Постигна хет-трик за неполн час игра и најави дека ќе ја прекине неверојатната серија од 28 меча без пораз на Милан.
Лил води со 3:0 со головите на турскиот репрезентативец, кој ја почна голеадата во 22-рата минута.
Продолжи со втор гол во 55-тата минута, со голема помош на Донарума, а потоа погоди за хет-трик и 180 секунди подоцна.