Барнли брои 400 минути без гол, ни Брајтон не беше подобар

Брајтон и Барнли не беа расположени за голови и одиграа нерешено 0:0 во премиерниот меч од осмото коло во Премиерлигата.

Двата англиски прволигаши имаа мака да го најдат патот до мрежата на голманите Рајан и Поуп и на крајот и не успеаја да ја затресат мрежата на „Амекс“ стадионот во Брајтон.

Моментно Барнли е во црна серија од три меча без гол, или вкупно 400 минути ја немаат затресено мрежата на ривалите во Премиерлигата, а последен стрелец за нив е Ешли Вествуд во поразот од Њукасл со 3:1 пред пет кола.

Брајтон прекина една интересна серија, а играчите на овој клуб погодуваа барем по еднаш на сите досегашни 7 натпревари во новата сезона во англиското првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести