Англиските светци прават чуда – Почнаа со два порази, стасаа до врвот во Премиер лигата (Видео)

Саутемптон го победи Њукасл со 2:0 со головите на Адамс и Армстронг и неочекувано се најде и на врвот во Премиерлигата со 16 бода, колку што има и Ливерпул, со меч помалку.

Популарните Светци тргнаа лошо во новата сезона со два порази во стартните две кола и се потоа е како бајка за нив. Победија петпати во последните шест кола, ремизираа само со Челзи и со серија од шест меча без пораз дотуркаа до врвот на табелата.

Иако вечерва играа без најдобриот стрелец Дани Ингс, сепак лесно го победија Њукасл. Че Адамс навреме постигна гол, со прецизен удар во седмата минута, а Стјуарт Армстронг во финишот со гол во 82. минута само ја потврди новата победа на хитот во Премиерлигата.

Њукасл го претрпе третиот пораз и остана на 11. место со 11 бодови.

- Оглас -

Најнови вести