Кристијано даде гол, погоди статива и се повреди, па Лацио се спаси од пораз (Видео)

Јувентус одигра само 1-1 против ослабениот Лацио во дербито на италијанската лига, откако лацијалите се спасија со гол на Фелипе Каиседо во 95-та минута. Кристијано Роналдо погоди за Јуве во првото полувреме. Португалецот на сите четири меча во Серија А сезонава на кои играше, дава гол, и засега има шест погодоци. Но, за да не биде сè идеално за Јуве, се погрижи токму Роналдо, кој се повреди, па во 76-та минута мораше да излезе од игра и своето место да му го препушти на Пауло Дибала.

Сега во Јуве со загриженост ќе ги чекаат резултатите од прегледите на Роналдо, бидејќи тимот не е ист со него и без него. Лацио не се плашеше од Јуве откако излезе Кристијано, па римските Орли освоија и бод.

Ова е голот на Роналдо кој сепак не беше решавачки на дуелот на „Олимпико“:

https://twitter.com/i/status/1325407106019840000

- Оглас -

Најнови вести