Пирло објасни зошто Јувентус е тимот со најмногу нерешени во Серија А

Јувентус освои само еден бод на гостувањето кај Лацио, иако на само неколку секунди пред крајот, Старата дама имаше водство од 1:0. Кристијано Роналдо погоди во 15 минута, но Лацио не се предаде и со погодокот нa Фелипе Каиседо во 95-та минута стигна до бод.

За Јувентус ова беше трето реми во последните четири првенствени меча, а вкупно четври нерешен меч во досегашните седум кола. Засега нема тим во Серија А со толку многу нерешени дуели, а тренерот на Јувентус, Андреа Пирло објасни што недостасува на неговиот тим.

„Одигравме сјаен меч. Лацио немаше шут во рамките на голот. Сепак, не реагиравме добро во последните 10-тина секунди и затоа примивме гол за израмнување. Најважната работа е во главата. Ако на теренот не излезеш со вистинскиот тим, тогаш преставата ќе биде лоша. Детали ќе го решаваат првенството, а ние како да немавме доволно желба против Лацио“, рече Пирло.

 

- Оглас -

Најнови вести