Шкорпион голот на германското дерби е најдобар погодок за викендов (Видео)

 

Баер Леверкузен стигна до четвртата победа во низа во Бундеслигата откако во многу возбудлив меч со 4:3 славеше против Борусија Менхенгладбах. Во првото полувреме двапати беа во водство, но Фармацевтите израмнуваа за 2:2 на полувреме. Во второто полувреме Баер Леверкузен даде уште два гола за водство од 4:2, а гостите буквално во последната минута само намалија на 4:3.

Последниот гол го даде Валентино Лазаро, а беше вистинско ремек-дело, па слободно може да го прогласиме за најдобар погодок во Европа за овој викенд. Лазаро со „шкорпион-удар“ успеа да го изненади домашниот голман и погоди, но, за жал, тоа не беше доволно Борусија Менхенгладбах да се спаси од пораз.

https://youtu.be/4lCHfSC398I

- Оглас -

Најнови вести