Валенсија го победи Реал Мадрид со 4:1 во меч кој ќе се памти во Примера дивисион. Кралскиот клуб водеше со 1:0, но потоа следуваше шоу на Карлос Солер. Играчот за врска на Валенсија постигна хет-трик, и тоа со удари од пенал. Првиот гол од белата точка Солер го даде во 35-тата минута, а потоа Рафаел Варан си даде автогол, па домаќините на полувремето водеа со 2:1.
Во вториот дел следуваа два нови пенали за Валенсија. Солер остана да биде изведувач на ударите од најстрога казна и успеа уште двапати да го матира Тибо Куртоа за убедливи 4:1 по 63 минути игра, што на крајот се покажа и како конечен резултат.
Солер е првиот играч во Примера дивисион кој успеа да даде три гола од пенал на еден меч, а дуелот ќе се памти и по неславниот рекорд на Реал. За првпат во клупската историја беа досудени три пенали против Реал на еден дуел. Досега шестпати се случувало против Реал да има по два пенали на една средба, но вечерва во Валенсија беше испишана историја.
3 – @valenciacf_en‘s Carlos Soler is the first player to score three penalty goals in the same @LaLigaEN game in the 21st century. Executioner. pic.twitter.com/qEgXFxCcpi
— OptaJose (@OptaJose) November 8, 2020
За Реал Мадрид ова е втор пораз сезонава и остана на 16 бодови, четири помалку од лидерот Реал Сосиедад. Валенсија стигна до 11 бодови, исто колку што има и Барселона.