Грузијците тренираа некомплетни, на Вајс му фалеа седуммина репрезентативци

Фудбалската селекција на Грузија вечерва го одработи првиот тренинг во пресрет на историскиот натпревар против Македонија на 12 ноември, во кој ќе се води битка за пласман на Европското првенство.

На селекторот Владимир Вајс му недостасуваа седуммина репрезентативци на првиот тренинг, од кои повеќето играат во Шпанија, а дури утре ќе се приклучат на составот.

Тоа се добри вести за нашата селекција, со оглед на тоа дека противникот на Македонија подготовките ги почна со пречки, за разлика од нас. Националниот тим предводен од селекторот Игор Ангеловски во комплетно издание ги почна подготовките во овој краток период.

Македонија во Тбилиси атакува на прв историски пласман на едно големо натпреварување, дуелот е закажан за 12 ноември, со почеток во 18 часот.

- Оглас -

Најнови вести