Пандев со моќна порака мотивира – Сите заедно да го направиме последниот чекор за остварување на македонскиот сон

По 113 натпревари и 19 години во светиот дрес на Македонија, по многу порази, победи, радости и понижувања, време е да се обединиме сите заедно и да се обидеме сонот за настап на големо натпреварување да стане реалност. Остана уште еден чекор до остварување на мојот сон, на сонот на моите соиграчи и на целата нација. Да го направиме последниот чекор“, испрати моќна порака Горан Пандев, капитенот на македонската фудбалска репрезентација пред дуелот задутре во Тбилиси со Грузија.

Остана уште тој последен чекор за Македонија првпат да игра на големото натпреварување, а победа во Тбилиси нè носи на ЕП идната година.

- Оглас -

Најнови вести