Сите се на број и орни за дуел со Грузија – Репрезентативците се тестираа, нема позитивни на Ковид-19

Сите репрезентативци на Македонија успешно го минаа последниот тест на ковид-19, наодите им се негативни, па орни и во добро расположение утре во 10 часот ќе патууваат за Тбилиси.

Со Грузија играме меч за историја и прв пласман на големо натпреварување, а победа на 12 ноември на „Борис Паичаѕе арената“ не носи на Европското првенство што ќе се игра следната година.

Хендикеп ќе биде што нема да игра Аријан Адеми, капитенот на Динамо Загреб, кој е повреден и иако допатува во Скопје, нема да биде во составот. На негово место е повикан младинскиот репрезентативец и член на Шкендија, Тотре.

Мечот што ќе го одлучи победникот во Сегментот Д во Лигата на нациите во премиерното издание и што е уште поважно, ќе му извади билет за ЕП, се игра во четврток од 18 часот.

- Оглас -

Најнови вести