Нова промена во квотите за победа на Македонија, залудно Грузија е фаворит

Дојде историскиот ден за целата наша нација, фудбалската репрезентација на Македонија се бори за прв пласман на едно големо натпреварување. Грузија е последната пречка на популарните Рисови да се најдат на главниот континентален собир, Европското првенство кое ќе се одржи идното лето.

Има нови промени во коефициентите во Sport Life обложувалници. Од пред неколку дена Грузија стана мал фаворит, а сега евентуален „кец“ носи квота од 2.70. Тоа апсолутно не ја менува целта на македонската селекција, а квотата за „двојка“, која сега изнесува 3.05, само ја прави евентуалната победа на Македонија уште послатка.

Нема сомнежи дека секој Македонец кој ќе се обложи на овој натпревар ќе пише „двојка“, а тоа значи дека добивката може да биде поголема, иако реално тоа е помалку важно во ваков историски момент.

Исто така, можете да се обложите која од овие две селекции ќе се пласира на Европското првенство. Во овој сегмент Македонија е мал фаворит со коефициентот кој изнесува 1.85, наспротив 1.95 квотата за пласман на Грузијците.

 

- Оглас -

Најнови вести