Флор Бонсегундо е фудбалерка во женскиот тим на Валенсија која се најде во центарот на вниманието благодарение на погодокот во дуелот против Бетис.
Во седмата минута, Бонсегундо прифати топка на својата половина и тргна во напад. Успеа да помине неколку противнички играчи и кога се најде пред голманот, на елегантен начин со лоб ја затресе мрежата на противникот.
Тоа беше погодок за водство на Валенсија од 1:0, но, за жал на Бонсегундо, Бетис во продолжение направи пресврт и на крајот славеше со 2:1.
https://twitter.com/i/status/1326667973885636610