Мурињо објасни зошто ќе навива за Шкотска против Србија

Менаџерот на Тотенхем, „специјалниот“ португалски стручњак Жозе Мурињо, најави дека вечерва на мечот во Белград од баражот за пласман на ЕП, ќе навива за репрезентацијата на Шкотска. Мурињо во минатото бил фан на Србија, но откако се повлекол Немања Матиќ, Мурињо веќе немал причина да навива за нашите северни соседи.

„Матиќ веќе не игра за Србија, а мојата емоционална врска со оваа селекција остана кај него. Од друга страна, Шкотска ја предводи мојот екс помошник Стив Кларк, знам колку е важно да се пласира на ЕП и затоа моите мисли ќе бидат со него. И Скот Мектоминеј кој е мој некогашен играч, ќе биде во дресот на Шкотска, така што, се знае за кого ќе навивам вечерва“ – изјави Мурињо.

Не се сомневаме дека Мурињо повеќе сака да победи Македонија отколку Грузија, бидејќи неговата врска со Горан Пандев е многу силна веќе една деценија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести