Горан Пандев ќе биде прогласен за олимписки великан на МОК!

Националниот олимписки комитет на Македонија им го честиташе пласманот на фудбалерите на Европско првенство и најави дека Горан Пандев ќе биде прогласен за Олимписки великан на МОК.

„Претседателот на МОК, м-р Даниел Димевски, испрати искрени честитки до претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, за историскиот успех и изборениот пласман на Европското првенство во фудбал 2021! Во исто време, заради извонредните врвни спортски резултати и 20-годишна меѓународна афирмација на македонскиот спорт, Горан Пандев ќе биде прогласен за Олимписки Великан на МОК!“, објавија од олимпискиот комитет.

„Најдобрите македонски фудбалери изгинаа на теренот, го одиграа најдобриот натпревар во овие квалификации, токму кога беше најпотребно! Сите со срце поголемо од најголемата планина, мудро, умно и со големо знаење и неверојатна смиреност, одлучност, сигурност и самодоверба се изборија за свое место во историјата на македонскиот спорт! Честитки момци, само гордо напред и со победа да го започнеме Европското првенство! Најдобри сте!!!“, истакна Димевски по повод историскиот спортски резултат на најдобрите македонски фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести