УЕФА знае што е добро – Историскиот гол на Пандев конкурира за најубав во Лигата на Нации (Видео)

Голот на Горан Пандев во Тбилиси што ја однесе Македонија до историски прв настап на Европско првенство е во конкуренција за најубав погодок во изборот на УЕФА во финалните бараж мечеви во премиерното издание на Лигата на Нации.

Италијанката во три потези што ја почна Елмас, а ја продолжи Несторовски до стрелецот Пандев има шанси да биде крунисана за нај-гол во изборот на УЕФА.

https://www.youtube.com/watch?v=pjW5yEJwGEE

Конкурираат и голот на Рајан Кристи за Шкотска во ремито против Србија, 1:1, што потоа на пенали ги одведе Храбрите срца на ЕП, потоа и погодокот на Доминик Собослаи за победа на Унгарија против исланд од 2:1 и погодокот на Михал Дуриш во продоженијата за победа на Словачка против Северна Ирска од 2:1.

Може да се гласа во изборот за најубав гол на интернет страницата на УЕФА.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести