По два дена славење, Ристовски зеде здив да му испрати порака на капитенот: Капа долу, маестро!

Прв пласман на Европското првенство во фудбал, нормално е да се слави деноноќно. Нашите репрезентативци го заслужија тоа, па максимално ја истрошија радоста изминативе два дена по победата над Грузија.

Сега националниот состав на Игор Ангеловски има нова мисија пред себе наречена Естонија, селекција која утре ќе ни гостува на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Репрезентативците зедоа здив, продолжија со обврските, а Стефан Ристовски искористи да му испрати порака на најзаслужниот што Македонија е меѓу 24-те репрезентации на континенталниот собир, капитенот Горан Пандев.

„Идол на многу генерации. Пример за секој фудбалер, пример кој покажа и докажа дека упорноста се исплати. Човек кој веруваше во оваа генерација и покрај многу препреки. Патувања, борби, порази… За на крај капитенски излезе и ние покрај тебе да ја однесеме нашата Македонија на Европско… Капа долу, маестро!“, пишува во пораката на Ристовски напишана за Пандев, а објавена на социјалните медиуми.

- Оглас -

Најнови вести