Е сега Хамилтон треба да покаже зошто е шампион

Канаѓанецот Ленс Строл вчера ги изненади сите и извозе најбрзо време на влажната патека во Истанбул, па денеска за возачот на Рејсинг поинт е загарантирана пол позицијата на Големата награда за Турција во Ф1 шампионатот.

Веднаш до Строл ќе биде Макс Верстапен од Ред Бул, додека вториот возач на Рејсинг поинт, Перез ќе стартува како трет. За Строл ова е прв пат да биде од пол позицијата и сега ќе атакува на првата победа во Ф1.

Актуелниот светски шампион, Луис Хамилтон имаше слаби квалификации, па се најде на шестото место, додека неговиот тимски колега Валтери Ботас заврши дури деветти. Токму овој пласман во квалификациите треба да биде предизвик за Британецот, но и за тимот на Мерцедес да покаже зошто ги има најдобрите болиди и дали ќе успеат повторно да стигнат до пиедесталот.

 

- Оглас -

Најнови вести