Тоа е скромноста на Пандев: Не сум само јас херој, херои се сите во репрезентацијата

Горан Пандев го направи тоа што требаше. Дојде, капитенски ја предводеше фудбалската репрезентација на Македонија во историскиот дуел против Грузија, го даде единствениот гол за победа и донесе историска радост на сите спортски фанови во нашата земја. По договор со селекторот Игор Ангеловски, Пандев беше ослободен од репрезентативните обврски и нема да настапи на денешниот меч против Естонија, а ни на тој против Ерменија на гости.

Популарниот Гоче веќе се врати во Италија, каде беше дочекан со посебно внимание. Иако медиумите му го дадоа епитетот најциоанлен херој, Пандев ја покажа целата своја скромност и во овој случај.

„Национален херој? Не сум само јас херој, херои се сите во репрезентацијата. Успехот е благодарение буквално на сите. Ова чувство е нешто посебно, ми се оствари сонот по 20 години поминати во националниот дрес. Конечно направивме нешто за што цела Македонија сонуваше три децении. Уште не можам да верувам дека успеавме да се пласираме на ЕП“, рече Пандев по пристигнувањето во Џенова, каде беше пречекан и од стотина фанови на италијанскиот калчолигаш.

 

- Оглас -

Најнови вести