Холанѓаните два дена се треселе поради неизвесност

Холандија денеска се надева дека конечно ќе се израдува на првиот триумф под водство на Франк де Бур. Откако Де Бур седна на клупата, Лалињата во четири натпревари немаат ниедна радост, но вечерва се големи фаворити за освојување на трите бода.

Пред четири дена Холанѓаните ремизираа 1:1, а потоа сите во таборот беа во еден неочекуван стрес. Тони Вилхен беше тестиран позитивен на Коронавирусот, па сите беа во исчекување во овие два-три дена дали ќе развијат симптоми и дали ќе има нови заразени.

За среќа, ниту еден од фудбалерите или стручниот штаб не беше позитивен на последното вчерашно тестирање и селекторот де Бур ќе ги има сите фудбалери на располагање. Според коефициентите во Sport Life, Холандија е апсолутен фаворит за победа.

 

- Оглас -

Најнови вести