Македонија знае како се игра против Естонија и нема пораз во досегашните пет меѓусебни дуели, па денеска во Скопје ја очекува и четвртата победа со малку поинаков состав.
Билансот е три победи за Македонија, две нерешени и ниту еден пораз. Сепак на некој начин ЕСтонците ни се должници, за ремито 3:3 во Талин во овој циклус од Лигата на Нации.
Денеска од 15 часот ни треба победа за да останеме во трка за првото место во нашата група во Ц сегментот и на врвот да го чекаме последниот меч против Ерменија во Никозија.
Селекторот Игор Ангеловски има проблеми, но сите во македонскиот табор се орни за нова победа на крилјата на еуфоријата што владее кај нас по историскиот пласман на Европското првенство идната година.
Капитенот Пандев, потоа и Адеми, Алиоски и Димитриевски нема да настапат денеска од 15 часот на арената „Тодор Проески“, а ќе одморат и Муслиу и Ристовски, па со комбиниран тим ќе се атакува на победа.
Според најавите ќе играме во формација 3-4-1-2:
Состав: Шишковски – Бејтулаи, Велковски, Зајков – Костадинов, Николов, Спировски, Трајковски – Елмас – Несторовски, Тричковски.