Ангеловски е на маки, но турка со победи: По голот на Естонците личевме на вистинската Македонија

Игор Ангеловски успешно командува со македонската фудбалска репрезентација, а по пласманот на ЕП, ја победивме и Естонија, па немаме пораз на 8 меча по ред, или од ноември лани.

Со Естонците одигравме солидно прво полувреме, и одлично во последните 25-30 минути, односно по израмнувачкиот гол на Сапинен.

Влатко Стојановски за среќа погоди за победа од 2:1 и серијалот продолжува.

„Имаме многу проблеми, но и победнички дух. Сакам почесто да ја гледам Македонија од последните половина час што ги одигравме денеска. Имавме комплетна доминација и иако промашивме доста шанси, сепак сум задоволен. Во ваква ситуација без Пандев, Адеми, Алиоски и Димитриевски, сепак покажавме карактер и квалитет. Ме радува што и играчите што поретко играат се подготвени и секогаш орни за игра, па се шири базата на квалитет што го има нашата репрезентација.

Ќе ни недостасуваат против Ерменија и Николов и Спировски, Елмас се пожали на повреда, Кире Ристевски нема да патува, но не отстапуваме од нашата цел, да го освоиме првото место“, изјави Ангеловски.

 

- Оглас -

Најнови вести