Ќе нè боли глава во Никозија – Против Ерменија не игра и Елмас, недостасуваат и Пандев, Барди, Адеми, Алиоски, Димитриевски, Николов, Спировски и Кире Ристевски

Половина стандардни репрезентативци на Македонија ќе ни фалат за клучниот меч против Ерменија во Никозија задутре од 18 часот, а кога ќе се погледне списокот на отсутни, јасно е колку ќе бидеме хендикепирани.

Последен во низата што не може да игра е Елиф Елмас. Нашиот фудбалски дијамант има повреда на бутниот мускул и нема да патува за Никозија.

Пред него од комбинација за мечот со Ерменците на неутрален терен отпаднаа и: Горан Пандев, Аријан Адеми, Енис Барди, Столе Димитриевски, Езџан Алиоски, Бобан Николов, Стефан Спировски и Кире Ристевски.

Речиси целиот прв тим на Македонија нема да игра во меч што ни е клучен за првото место во втората група од Сегментот Ц. Против Ерменците ќе биеме директна битка за првото место, а имаме предност од еден бод, па ни одговара и реми.

Мечот ќе се игра во среда, од 18 часот, на стадионот „НЕО ГСП“ во Никозија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести