Роналдо го проби мразот со два гола против Сасуоло (Видео)

Кристијано Роналдо го проби мразот и ги постигна првите голови за новиот клуб Јувентус. Против Сасуоло популарниот ЦР 7 со два гола му донесе победа на шампионот од 2:1.

Долго се чекаше на дебитантскиот погодок на Роналдо за Јувентус, а често се правеа и споредби на неговите блескави игри во Манчестер јунајтед и особено за Реал Мадрид, наспроти нешто послабиот старт во третиот гигант во неговата кариера, Јувентус.

Во првите три кола од Серија А, Кристијано беше тивок, не успеваше да ги затресе противничките, но постот не можеше да трае предолго. Првиот гол го постигна во 50. минута, а потоа се запиша во листата на стрелците и во 65. минута.

Сасуоло намали во финишот на мечот со голот на Кума Бабакар.

Причина за радост има и Горан Пандев, по победата на неговата Џенова против Болоња. Победата ја донесе Кшиштоф Пјатек со погодок во 69. минута, а капитенот на македонската репрезентација само 7 минути претходно беше заменет.

Без победник со резултат 1:1 заврши мечот меѓу Удинезе и Торино.

https://www.youtube.com/watch?v=I9lHPbkk2NA

https://www.youtube.com/watch?v=kicInmKBiGY

- Оглас -

Најнови вести