На Шпанија и Германија им требаат голови

6101 Хрватска – Португалија (20.45 часот)

Овој натпревар е со поголемо значење и важност за Хрватите отколку за Португалците, но за Кристијано Роналдо нема неважен меч, тој постојано сака да дава голови и одбраната на Коцкестите ќе биде на мака. Хрватите уште паметат како беа надиграни од Португалија во септември, кога беше 4-1. Хрватска има серија од десет меча по ред на кои и дава и прима гол, додека Португалија има низа од шест меча по ред без ГГ. Хрватска никогаш не победила против Португалија, а ако вечерва во Сплит не победат домашните, за опстанок во Лига А ќе им треба и Шведска да не изненади против Франција.

Предлог тип: 2>1 (2.00)

 

6103 Шпанија – Германија (20.45 часот)

Ова е дерби на вечерта бидејќи селекциите кои се бивши европски и светски прваци, во директен дуел се борат за прво место во својата група. Германија нема пораз во петте кола и вечерва им одговара и реми. Сепак, ако сакаат да останат непоразени, веројатно ќе мора да дадат барем еден гол. Шпанија оди на победа, а за да победи, мора да даде гол(ови). Црвената фурија има пет меча по ред со 0-2 гола, а Германците на четири од последните пет играа со 3+ голови. Последните два меѓусебни дуели им завршија со 1-1.

Предлог тип: ГГ (1.66)

 

6102 Франција – Шведска (20.45 часот)

Франција игра за себе, но индиректно и за Хрватска бидејќи Шведска со пораз испаѓа во Лига Б, а Хрватска би останала во Лига А. Светскиот првак е фаворит, но Триколорите на свој терен пред шест дена загубија од Финска во пријателски меч. Шведска како гостин никогаш не ја победила Франција, а последен пат се сретнаа пред четири години. Швеѓаните 13 месеци не одиграле нерешено, овојпат би биле среќни ако останат непоразени.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.80)

 

6121 Луксембург – Азербејџан (20.45 часот)

Овој меч од Лига Ц е важен за домашните бидејќи со победа може да бидат први во групата и да се преселат ранг погоре. Но, некои работи им зависат и од мечот на Црна Гора со Кипар, кој се игра истовремено. На Луксембург џабе му е победата ако победи и Црна Гора. Луксембург како гостин на почетокот на оваа сезона, со пресврт победи во Азербејџан со 2-1, сега дома мора да го повтори успехот. Азерите имаат низа од три меча по ред во кои играа со резултат 0-0. Луксембург дома играл двапати против Азербејџан и не победил, можеби ќе имаат среќа во третиот обид.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.83)

 

6047 Еквадор – Колумбија (22.00 часот)

Еквадор е пријатно, а Колумбија непријатно изненадување после три кола. Еквадорците имаат 6 бода, а загубија само од Аргентина, и тоа минимално со гол од пенал, додека Колумбија тргна како што се очекуваше, но потоа одигра нерешено со Чиле и загуби од Уругвај. Еквадор од 2012 не победил дома против Кафетеросите. Традицијата најавува малку голови. Колумбија со Уругвај играше лошо во одбрана, но тим со Хамес Родригес, Запата и Муриел во нападот може да му направи проблем на тим кој примаше по два гола на претходните мечеви кои ги доби.

Предлог тип: ГГ (1.85)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Хрватска – Португалија Х2 & ГГ (2.45)

Франција – Шведска Т1 1+I & T1 2+ (2.40)

Шпанија – Германија 1-3 I & 1-3 II (2.00)

- Оглас -

Најнови вести