Страшен и моќен како во најдобрите денови: Тајсон ги покажа мускулите (фото)

Легендарниот Мајк Тајсон на 54 години изгледа феноменално и е физички подготвен да се врати во рингот како што беше во своите најдобри денови.

За десетина дена, поточно на 28 ноември, Челичниот Мајк ќе влезе во рингот по 15 години пауза, па затоа вежба како да го напаѓа светскиот шампионски појас во тешка категорија, каде што доминираше во минатото.

https://twitter.com/ESPNRingside/status/1328486964534800384

Како што е веќе познато, Тајсон ќе ги одмери против Рој Џоунс, исто така поранешен боксер од светската класа, во ревијален меч кој ќе трае осум рунди. Местото на спектаклот ќе биде „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес, повеќенаменската арена и дом на НБА-првакот ЛА лејкерс.

- Оглас -

Најнови вести