Ерменците летнаа високо, Григоријан најавува рововска битка против Македонија

Македонија е во транс по големиот успех и пласман на Европското првенство, а атмосферата е одлична и кај нас по победата против Грузија, па утре во Никозија ќе се игра вистинско дерби за крај на фазата по групи во Лигата на нациите, вели Артак Григоријан, репрезентативецот на Ерменија.

Утре од 18 часот на арената „НЕО ГСП“ во Никозија ќе се одлучува победникот во втората група од Сегментот Ц, а Македонија во решавачката битка со Ерменците ќе тргне со 9 бода, еден повеќе од директниот конкурент за пласман во Сегментот Б.

„Атмосферата кај нас е прекрасна по победата против Грузија. Во вакви тешки времиња, Ерменците се израдуваа на успех и во такво расположение одиме на победа против Македонија. Не интересира само триумф и првото место во групата“, вели Григоријан, 33-годишниот играч на Алашкерт и стандарден репрезентативец на Ерменија.

На последните четири меѓусебни дуели меѓу двете репрезентации, двапати победи Македонија, исто толку и Ерменија, а утре ни одговара реми, исход што само двапати на 9 меѓусебни дуели го имаат двете селекции.

Вкупно Македонија е поуспешна со 4 победи и три порази, па утре во Никозија од лидерската позиција ќе се обиде да го сочува позитивниот биланс во дуелите со директниот конкурент за првото место.

 

- Оглас -

Најнови вести