Со победата од 2-0 против Уругвај на гостувањето во Монтевидео, селекцијата на Бразил се зацврсти на првото место во јужноамериканската квалификациска група за Мундијалот во Катар.
Гаучосите рутински го надиграа домаќинот во отсуство на Нејмар, но и Уругвај беше ослабен со неиграњето на Луис Суарес. Артур со атрактивен погодок од околу 20 метри ја отвори средбата во 33-тата минута, а Ричарлисон ги реши сите дилеми пред паузата со ефектен гол со глава.
За да биде поразот уште потежок за домаќините, Кавани на дваесетина минути пред крајот заработи директен црвен картон, а неколку минути подоцна ВАР поништи гол на Касерес поради офсајд.
Бразил по четири меча има максимални 12 бода со гол-разлика 12-2, два бода помалку има Аргентина на второто место.
https://www.youtube.com/watch?v=7XD_UR1UYVY
Гаучосите, пак, подоцна во текот на ноќта со идентични 2-0 славеа на гостувањето во Перу. Избраниците на Скалони предводени од капитенот Лионел Меси, по пауза од 12 години славеа против Перу на гости, а победникот беше решен за помалку од половина час.
Нико Гонзалес го скрши мразот уште во 17-тата минута, а само девет минути подоцна, Лаутаро Мартинес, ѕвездата на Интер, со атрактивен дриблинг над противничкиот голман го постави конечниот резултат.
https://www.youtube.com/watch?v=C-U_Hhwh4uE