Давид Алаба дефинитивно ќе го напушти Баерн Минхен по крајот на сезоната, откако управата на европскиот првак потврди дека нема да му ги исполни условите околу платата.
Агентот на Алаба бара до 20 милиони евра годишно за да се обнови соработката со Баварците, но таа сума ќе ја добие од друг гигант.
Иако Бразилецот со австриски пасош се поврзуваше со Барселона и Реал Мадрид, неговите услуги ќе ги добие ПСЖ. Францускиот првак нема проблем да му ги исполни условите за Алаба да стане Светец, со оглед на тоа дека нема потреба да се плати отштета.