Подобар гол тешко дека ќе видите, цел свет зборува за скорпијата на Романецот (Видео)

Во натпревар од третата романска лига, фудбалерот Роберт Асавоеи постигна гол каков што ептен ретко се гледа и веројатно ќе биде кандидат за наградата „Пушкаш“ за најубав гол во 2020 година.

Мајсторијата на Роберт ги воодушеви сите и затоа снимката стана хит во целиот свет. Не е потребно многу да се опишува голот, само ќе кажеме дека станува збор за „скорпија“, удар каков што пред 25 години имаше колумбискиот голман Рене Игита на меч против Англија и тој потег уште важи за најспектакуларна одбрана во историјата на фудбалот.

Погледнете го голот кој е предизвик и за Златан Ибрахимовиќ, кој има давано супер голови на разни начини, но не и вака:

https://www.youtube.com/watch?v=V4xSQib9Q6A

- Оглас -

Најнови вести