Јусуфа Мукоко, чудото од дете на Борусија Дортмунд, денес наполни 16 години, што е услов за да може да дебитира за сениоркиот тим на Милионерите.
Доколку Мукоко се најде во составот на Лусиен Фавр кој ќе патува за Берлин во пресрет на мечот против Херта, ќе испише историја за најмлад играч во Бундеслигата.
Младиот камерунски голгетер импресионира со своите игри за У-19 тимот на Дортмунд со 47 погодоци во 25 настапи во последните две сезони, па затоа нема да биде изненадување доколку запише минутажа во Бундеслигата и да стане најмлад играч со само 16 години и еден ден.
Фавр не сакаше да потврди дали ќе го земе Мукоко за кратката екскурзија до Берлин, но има шанси сега откако наполни 16 години.
Засега рекордот за најмлад играч во Бундеслигата го држи Нури Сахин, кој на 16 години и 335 дена дебитираше за Милионерите во 2005 година.