Кошаркарите на Валенсија славеа против Макаби Тел Авив со 82:80, во најнеизвесниот меч од денешната понуда во Евролигата. Валенсија покажа дека никогаш не се предава во својата сала „Ла Фонтети“ и успеа да направи чудо. На само 90 секунди до крајот, Макаби Тел Авив имаше предност од 79:73, но потоа започна пресвртот на Валенсија.
На 7 секунди до крајот беше 80:80 и Макаби беше во напад, но Анте Жижиќ ја загуби топката, а домаќините успеаа да погодат за 82:80 и голема победа. За Валенсија ова беше шести триумф во деветиот меч од Евролигата, додека Макаби го претрпе седмиот пораз.
Во останатите мечеви кои се играа вечерва: Алба Берлин – Зенит 66:73, Милано – Жалгирис 98:92, Барселона – Црвена ѕвезда 76:65 и Реал Мадрид – Фенербахче 94:74.