Кошаркарската репрезентација на Македонија утрово стигна во Софија, од каде што со авион треба да се се упати кон Франкфурт, па оттаму да се менува лет за до Талин.
Избраниците на Ацо Тодоров ќе го минат најдолгиот можен пат за да стигнат за натпреварите од „балон“ системот кој ќе се игра во главниот град на Естонија, во рамките од квалификациите за ЕП 2021.
Со кошаркарите заедно се и претседателот на федерацијата Перо Антиќ, како и генералниот секретар Владимир Георгиевски, додека дома останаа асистентите на Тодоров, Ѓорѓи Кочов и Никола Велев поради здравствени причини, како што потврдија од КФСМ.