Пирло: Исто ми е дали е Роналдо или се Фработа и Портанова

Јувентус вечерва има шанса да си обезбеди место во нокаут-фазата од Лигата на шампионите. Старата дама на свој терен го пречекува Ференцварош. Јувентус со 4:1 победи на гости во Унгарија и сега само треба да ја потврди разликата во класи со овој ривал.

На прес-конференцијата пред мечот, тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, зборуваше за неговиот однос со најголемата ѕвезда во тимот, Кристијано Роналдо.

„Кон Роналдо се однесувам како и кон сите останати фудбалери. Секогаш сум на располагање за сите, било да е на теренот или надвор од него. Лесно е да се има добар однос со скромни луѓе, а јас сум таков. Кристијано, кој е докажан шампион, го третирам на ист начин како и младите играчи како што се Џанлука Фработа и Маноло Портанова. Ги правам истите работи како кога бев и играч“, објасни Роналдо.

Роналдо сезонава даде осум гола во шест меча во Серија А, а дел од мечевите ги пропушти поради тоа што беше во изолација поради корона-вирусот. Пирло објасни дека сезонава уште го немал најсилниот тим на располагање, посебно во нападот.

„Дибала беше повреден, Мората не беше со нас од почетокот на сезоната, а Роналдо имаше корона-вирус. Во последниве неколку дена конечно сите тројца тренираат заедно. Треба да се направи баланс во тимот и се надевам дека ќе најдам решение за сите тројца да можат во исто време да бидат на теренот“, објаснува Пирло.

 

- Оглас -

Најнови вести