Хабиб Нурмагомедов ги израдува фановите со пораката: Се гледаме наскоро!

Хабиб Нурмагомедов му упати порака на претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, и таа порака предизвика големо внимание во светската спортска јавност. Иако Русинот неодамна објави крај на кариерата откако го победи Џастин Гетџи, Вајт не се предава и рече дека Хабиб ќе се врати во октагонот и ќе се бори уште еднаш за да ја исполни желбата на неговиот татко да има 30 победи.

Хабиб моментно е на 29-0 и рече дека нема веќе да се бори бидејќи тоа од него го бара мајка му и мора да ја слуша. Денеска Хабиб, кој е светски првак во ултимејт фајт во лесна категорија, објави заедничка фотографија со Вајт и напиша „Се гледаме наскоро“.

Ова е објавата на Хабиб која ги запали неговите поддржувачи.

 

- Оглас -

Најнови вести