Мајк Тајсон и Рој Џонс јуниор, две големи боксерски легенди, најавија камбек и голем спектакл во рингот, но правилата што се одредени за мечот се чудни и веќе наидуваат и на потсмев.
Двата боксерски ветерани на над 50-годишна возраст одлучија да боксуваат во 8 рунди од по две минути, а вистинско разочарување предизвика објавата на неколку правила што ќе важат за мечот.
Не смее да има нокаут, па ако некому потече крв или се повреди, мечот веднаш ќе биде прекинат. Одлучено е и да не се прогласува победник, во рингот ќе нема судија, нема обложување…
They also said Creed vs Drago was a exhibition also…#TysonJones pic.twitter.com/W9MkF05Eir
— Jamel Herring (@JamelHerring) November 24, 2020
Веднаш реагираа љубителите на племенитата вештина и велат дека Тајсон и Џонс можеле да си одржат спаринг меч или полесен тренинг, наместо со месеци да се рекламира меч, кој ќе личи на еден обичен тренинг и ништо повеќе.
Инаку и цената за следење на мечот во живо преку „пеј-пер-вју“, или „плати и гледај“ системот е веќе одредена и многумина веќе платија 50 долари за спектакл, а не за мазење во рингот, како што е една од критиките на социјалните мрежи.