ФИФА ги објави и 11-те најубави голови кои ќе конкурираат за наградата „Пушкаш“ за најубав гол во 2020 година. Комисијата имаше тешка задача да одбере бидејќи навистина во последната година се постигнаа еден куп прекрасни голови.
Интересно е што меѓу 11-те кандидати, три се жени, што покажува дека ФИФА многу ги цени и погодоците во женскиот фудбал. За пошироката јавност, најпознати голови се оној на Кореецот Сон Хеунг-мин против Барнли, кога имаше неверојатен продор во стилот на Диего Марадона, и завршницата беше со гол, како и погодокот со пета на Луис Суарес од мечот Барселона – Мајорка.
Ова е кратка верзија на сите најубави 11 голови во изборот на ФИФА: