По победата на гостувањето кај Гент од 2-0, Црвена ѕвезда дојде на мал чекор (треба да својат еден бод во последните две кола или Либерец да не победи двапати) од пласман во следната фаза од Лигата на Европа, па затоа и разбирливо беше задоволството во редовите на српскиот првак.
Тренерот Дејан Станковиќ го собра својот тим и им одржа мотивациски говор кој може да го слушнете тука.
„Кога сме вакви, никој ништо не ни може. Момци, само да работиме и да веруваме. Чекор по чекор, сешто може да биде. Многу ве сакам, вистински сте. Еден, два, три… над сè, Ѕвездааааа“ – порача Станковиќ веднаш по мечот.