Тајсон сака да биде како Роки, планира да боксува на Црвениот плоштад во Москва!

Мајк Тајсон (54) воодушеви со прикажаното на егзибицискиот дуел против Рој Џонс јуниор и најави нивна втора борба во рингот, а постои идеја реваншот да биде на Црвениот плоштад во главниот град на Русија, Москва. Џонс јуниор од пред пет години има и руско државјанство и би бил во улога на домаќин бидејќи вели повеќе го ценат во Русија, отколку во САД, па често оди таму и им држи семинари на младите боксери.

Ако дојде до реализација на оваа идеја, би потсетувало на легендарниот четврти дел од филмот „Роки“, кога претставник на САД беше Роки Балбоа (го играше Силвестер Сталоне), а на поранешниот СССР беше Иван Драго (улогата беше на Долф Лундгрен). „Роки 4“ е култен филм кој е инспирација за многу боксери, а овојпат мечот на двајцата Афроамериканци Тајсон и Џонс би предизвикал огромен интерес, поголем отколку викендов, кога боксуваа во Лос Анџелес.

Се чека потег од организаторите.

 

- Оглас -

Најнови вести