Хрватска е противникот на Франција во финалето на Дејвис Купот

Борна Чориќ е новиот хрватски тениски херој, откако успеа да го победи Францис Тифо со 3:2 во сетови и тоа во решавачкиот петти меч од полуфиналето на Дејвис Купот. Во финалето на репрезентативниот Куп, Хрватска во финалето че игра против Франција, која ќе ја има и улогата на домаќин.

За Хрватска ова ќе биде трето финале во Дејвис Купот, откако во 2005 година се искачија на тронот по победата над Словачка, додека пред две години беа поразени од Аргентина со 3:2 во победи.

Навивачите на трибините во Задар можеа да видат неверојатно возбудлив решавачки меч од полуфиналето меѓу Хрватска и САД. Тигфо го доби првиот сет откако во тај-брејкот беше убедлив со 7:0. Потоа Чориќ брзо возврати и го доби вториот сет со 6:1, за да во третиот повторно се игра тај-брејк. Американецот повторно имаше повеќе нерви и донесе водство од 2:1, но Борна не се предаде. Во четвртиот сет повторно со 6:1 израмни на 2:2, додека решавачкиот петти сет заврши со 6:3 во корист на Хрватот, што беше причина за голема радост како на трибините, така и на теренот, во таборот на „коцкестите“.

 

- Оглас -

Најнови вести