Дури 21 екипа чека шанси да влезе во нокаут-фазата од Лигата на Европа

Во пресрет на мечевите од петото коло во Лигата на Европа, само четири клуба се сигурни дека ќе играат во нокаут-фазата од второто по ранг натпреварување на УЕФА. Само Рома, Арсенал, Лестер и Хофенхајм се сигурни, додека без шанси да презимат во Европа се седум екипи, и тоа: ЦСКА Софија, Дандалк, Риека, Селтик, Катабах, Лудогорец и Гент. Сите останати клубови се со свои калкулации во пресрет на последните две кола.

ГРУПА А

Рома е сигурна, а јанг Бојс може да оди понатаму ако вечерва победи на „Олимпико“ или евентуално ако Клуж не се радува против ЦСКА.

ГРУПА Б

За Арсенал нема проблем, додека за второто место ќе се борат Рапид и Молде, кои имаат по шест бода. Овие два тима ќе играат меѓу себе во последното коло и тогаш треба да се знае патникот за во нокаут-системот.

ГРУПА Ц

Се може да се реши уште вечерва. Славија и Баер доволно е да освојат по еден бод против Хапоел и Ница и да бидат загарантирани на првите две места.

ГРУПА Д

Слична ситуација како во групата Ц. На Ренџерс и Бенфика им е доволен по еден бод вечерва за да бидат сигурни во пресрет на последното коло.

ГРУПА Е

Гранада и ПСВ Ајндховен чекаат пласман во нокаут-фазата. На шпанскиот тим доволно му е и реми против ПСВ, или ПАОК да не ја победи Омонија.

ГРУПА Ф

Наполи, Реал Сосиедад и АЗ Алкмар се со шанси во оваа група. Наполи ако слави против АЗ е сигурен, а доколку калчолигашот победи, тогаш и Реал со триумф над Риека сигурно е барем втор.

ГРУПА Г

Брага е на прагот од пласман во нокаут-фазата. Доволно е да победи или да одигра нерешено, а Лестер да не загуби од Зорја. Англискиот тим е сигурен.

ГРУПА Х

Лил, Милан и Спарта се со свои калкулации. Ако Росонерите освојат три бода против Селтик, а Лил дома ја победи Спарта, ќе биде јасно дека првите две позиции се обезбедени.

ГРУПА И

Вилјареал доволно е дома да не загуби од Сивасор и Жолтата подморница ќе биде сигурна. Ако Сиваспор не победи, а Макаби Тел Авив ги освои трите бода на гости кај отпишаниот Карабах, групата ќе биде решена.

ГРУПА Ј

Антверпен, Тотенхем и ЛАСК се со шанси. Тимот на Жозе Мурињо треба да победи на гости кај Ласк за да биде сигурен, а Антверпен не треба да има проблеми на свој терен со Лудогорец.

ГРУПА К

Динамо Загреб, Феенорд и Волфсбергер се со шанси, а во оваа група се очекува расплетот да биде во последното коло.

ГРУПА Л

Хофенхајм е сигурен патник понатаму, а Црвена ѕвезда и со пораз може да се радува денес на пласман во нокаут-фазата ако Либерец не победи на гости кај Гент.

 

- Оглас -

Најнови вести