Чекаше топката да му падне „од небо“ и на крајот прими смешен гол (Видео)

Васко де Гама на свој терен загуби со 0:1 од Дефенса Јустисија од Аргентина и на тој начин беше елиминиран од Судамерикана купот во Јужна Америка. Некогашниот бразилски гигант беше во пол-позиција затоа што на првиот меч на гости одигра 1:1, но претрпе шок на свој терен и затоа е елиминиран.

Единствениот погодок на мечот гостите го постигнаа во 59-тата минута, а на него „кумуваше“ лошата проценка на домашниот голман. По една несмасна интеревенција на дефанзивците на Васко де Гама, топката летна високо во воздух и паѓаше кон голот.

Чуварот на мрежата Лукао Алвес можеше да скокне и да ја исфрли во корнер, но реши да чека буквално да му падне во раце. Сепак, топката го изненади и наместо в раце кај голманот, заврши во пречката и се одби во поле. Тоа го искористи Хакен, кој погоди од пет метри и го однесе аргентинскиот тим во следната фаза од ова натпреварување.

Смешниот погодок може да го видите на една минута од видеото.

 

- Оглас -

Најнови вести